Во Тајланд е отворена најголемата пловечка сончева фарма во светот, која е изградена на браната „Сириндхорн“, на реката Лам Дом Нои. Со нејзините сончеви панели, платформата има капацитет да генерира 45 мегавати енергија.
Фармата со површина од 70 фудбалски игралишта, има 145.000 панели направени од еколошки материјали. Површината на водата ќе помогне да не се прегреат панелите и да бидат до 15 отсто поефикасни од оние што се инсталирани на копно.
Дизјанерите во изградбата на фармата која чинеше 34 милиони евра, вклучија и три турбини кои можат да се потопуваат во вода и да генерираат енергија кога има помалку сончева светлина или кога побарувачката е поголема. Излезната моќност на фармата е 45 мегавати.
Таа ќе биде достапна за јавноста, како би развила интерес за оваа технологија и би се создадале што повеќе еколошки одржливи потфати во регионот. Засега планирани се 15 слични проекти со коишто капацитетот за собирање енергија ќе се зголеми за 2.725 мегавати.
Премиерот на Тајланд, Прајут Чан-о-ча на Конференцијата на ОН за климатски промени во Глазгов, Обединетото Кралство, изјави дека неговата земја сака да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година. Моментално во Тајланд две третини од енергијата се добива преку природен гас, односно се преизведуваат 114114.000 гигавати енергија. Додека обновливите извори на енергија, како што се сончевата, ветерот и водата, задоволуваат помалку од 10 отсто од потребите на населението. Остатокот се добива со користење јаглен, што е значајна причина за штетните емисии.