(Видео) Девојче преживеа пад од авион, татко ѝ загинал држејќи ја во прегратка

Во Мичиген во САД се случи авионска несреќа во која загинале четири лица. Единствената преживеана била 11-годишната Лејни, чиј татко Мајк Пердју успеал да ја спаси држејќи ја црвсто во прегратка.

Нивниот семеен пријател и деловен партнер Рајан Војан рече дека неговата сопруга, по несреќата, сакала целиот свет да дознае каков човек е Мајк и дека го дал животот за својата ќерка.

„Девојчето, по несреќата, не се сеќаваше на ништо, освен дека татко ѝ ја систнал многу силно“, рече Војан за медиумите.

Мајк зад себе остави четири деца, а ќерка му и понатаму е во болница. Таа добила неколку скршеници и била оперирана двапати. Лекарите велат дека таа е надвор од животна опасност. Покрај пилотот, во авионската несреќа настрадале и Кејт Лиз и Адам Кендал, кои ги носеле своите кучиња на ветеринар.

Од Федералната управа за воздухопловство (ФАА) соопштиле дека авионот BN2P Briton-Norman се срушил во саботата околу 14.30 часот. Засега се истражуваат причините за несреќата.

Scroll to Top