Стинг се враќа со нов албум на 70 години. Ова е негов 15-ти студиски албум со име „Мост“. Тој ќе излезе в петок, а е снимен е за време на карантините во Европа со музичари на разни локации додека тој бил во својот дом во Лондон.
Тој објсани дека се одлучил за такво име затоа што мостот е метафора за надминување на неволјите. Според него, сите бараат мост да одат на друго, подобро место.
„Јас не се двоумев да се вакцинирам. Би сакал публиката на моите концерти да биде вакцинирана, но никого нема да принудувам. Сите луѓе за кои пишувам се во некаква транзиција. Сите бараме излез од ова мочуриште, сите го бараме мостот кон нешто поинакво и поудобно“.
Стинг, чиј албум е мешавина од џез, рок и фолк, вели дека планира да ги одработи сите настапи откажани поради пандемијата.
„Мора да си ги исполнам обврските. Тоа би можело да трае 18 месеци. Но, тоа е мојот живот, на турнеја сум од 1976“.
Стинг има шест деца од двата брака и повеќето од нив тргнаа по неговите уметнички стапки: двајца се актери, двајца се музичари, а едно е филмаџија. Најмладиот син, сепак, сака да биде полицаец.
„Тој ми вели: ‘Сите вие сте креативни, јас сакам да правам нешто корисно‘“.