В петок е најдолгото затемнување на Месечината во последните 580 години

Најдолгото затемнување на Месечината во последните 600 години ќе се случи во раните утрински часови во петок, 19 ноември и ќе трае неколку часа.

Врвот на делумното затемнување ќе се случи рано в петок, кога 97 проценти од Месечината ќе биде затемнета од сенката на Земјата. Според НАСА, затемнувањето ќе трае три часа и 28 минути, што е најдолго делумно затемнување во овој век и најдолго во последните 580 години.

Претходно, најдолгото делумно затемнување на Месечината се случи во 2018 година и траеше помалку од два часа.


Затемнувањето ќе биде видливо од сите 50 американски држави, Канада и Мексико, како и од делови од Јужна Америка, Полинезија, Австралија и Кина, соопшти НАСА.

Месечината тогаш ќе биде на најоддалечената точка од Земјата во текот на затемнувањето, забавувајќи ја својата орбита и продолжувајќи го времето потребно да излезе од најтемниот дел на сенката на оваа планета, бидејќи Месечината, Земјата и Сонцето ќе бидат ускладени.

Објавена е снимка со детали како ќе изгледа затемнувањето. Настанот ќе се случи малку по полноќ и за разлика од затемнувањето на Сонцето, нема да бидат потребни посебни очила за да се види овој феномен. Затемнувањето ќе трае неколку часа што го прави најдолг од тој вид во последните 580 години. Следното затемнување на Месечината ќе се случи во мај, 2022 година.

 

Scroll to Top