Рејалити ѕвездата Ким Кардашијан (41) и комичарот Пит Дејвисон (28) официјално се нов пар. Откако Ким во текот на неодамнешното гостување во емисијата „Saturday Night Live“ се бакна со Пит пред камерите во еден момент, тие беа фотографирани за време на нивната прошетка во Палм Спингс.
Дејвисон живее во Њујрок, а Ким во Калифорнија, но сепак тие се решени нивната врска да успее и да се гледаат редовно. Моментално тој престојува во Палм Спрингс, каде Крис Џенер, мајката на Ким има луксузна вила, каде претходно го прослави роденденот заедно со Ким.
Kim Kardashian and Pete Davidson spotted holding hands in Palm Springs. https://t.co/XMf9k2Sqj0
— Pop Crave (@PopCrave) November 19, 2021
Младиот актер и комичар зад себе има неколку десетина улоги, а првата ја имаше во серијата „Brooklyn Nine-Nine“, каде се појави во една епизода. Додека негово досегашно најголемо филмско остварување е главната улога во филмот „The King of Staten Island“.
View this post on Instagram
Детството на Дејвидсон го одбележала трагедија: неговиот татко бил еден од пожарникарите кои починале за време на терористичкиот напад на Светскиот трговски центар во Њујорк. Дејвидсон тогаш имал само 7 години, а овој настан бил трауматичен за него и често зборува за тоа колку загубата на татко му влијаела на неговиот живот и менталното здравје. Како што откри подоцна во едно интервју, бил проблематичен како момче и ја кубел косата додека не останал потполно гологлав.
View this post on Instagram
Тој има две хронични дијагнози: гранично растројство на личноста и Кронова болест, поради што добива редовна терапија, покрај која користи и медицински препишана марихуана. Во минатото бил зависник од наркотици и алкохол, но веќе неколку години е чист и попосветен на своето здравје. Неодамна откри дека почнал со „отстранување“ на некои од неговите 40 тетоважи. Една од нив е посветена на Хилари Клинтон, која Пит ја смета за хероина.
View this post on Instagram
Покрај својата работа, во светот е познат и како еден од најголемите заводници, бидејќи пред Ким беше поврзуван со Кејт Бекинсејл, Маргарет Кволи, Каја Гербер, Фиби Диневор. Најпозната е неговата врска со пејачката Ариана Гранде, со која се сврши по само еден месец врска, а по разделбата Пит најави самоубиство на Инстаграм и го избриша профилот, по што мораше да интервенира полицијата.
Од друга страна, пак, Каније (44), кој неодамна го промени своето име во Је, пред неколку недели беше забележан во јавноста со инстаграм-моделот Винетрина (22). Претходно во јуни го поврзуваа во Ирина Шајк.