(Фото) Ким Кардашијан е во љубов со 13 години помлад дечко

By

Рејалити ѕвездата Ким Кардашијан (41) и комичарот Пит Дејвисон (28) официјално се нов пар. Откако Ким во текот на неодамнешното гостување во емисијата „Saturday Night Live“  се бакна со Пит пред камерите во еден момент, тие беа фотографирани за време на нивната прошетка во Палм Спингс.

dobivaj vesti na viber

Дејвисон живее во Њујрок, а Ким во Калифорнија, но сепак тие се решени нивната врска да успее и да се гледаат редовно. Моментално тој престојува во Палм Спрингс, каде Крис Џенер, мајката на Ким има луксузна вила, каде претходно го прослави роденденот заедно со Ким.

Младиот актер и комичар зад себе има неколку десетина улоги, а првата ја имаше во серијата „Brooklyn Nine-Nine“, каде се појави во една епизода. Додека негово досегашно најголемо филмско остварување е главната улога во филмот „The King of Staten Island“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pete Davidson (@petedavidsons)

Детството на Дејвидсон го одбележала трагедија: неговиот татко бил еден од пожарникарите кои починале за време на терористичкиот напад на Светскиот трговски центар во Њујорк. Дејвидсон тогаш имал само 7 години, а овој настан бил трауматичен за него и често зборува за тоа колку загубата на татко му влијаела на неговиот живот и менталното здравје. Како што откри подоцна во едно интервју, бил проблематичен како момче и ја кубел косата додека не останал потполно гологлав.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pete Davidson (@petedavidsons)

Тој има две хронични дијагнози: гранично растројство на личноста и Кронова болест, поради што добива редовна терапија, покрај која користи и медицински препишана марихуана. Во минатото бил зависник од наркотици и алкохол, но веќе неколку години е чист и попосветен на своето здравје. Неодамна откри дека почнал со „отстранување“ на некои од неговите 40 тетоважи. Една од нив е посветена на Хилари Клинтон, која Пит ја смета за хероина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pete Davidson (@petedavidsons)

Покрај својата работа, во светот е познат и како еден од најголемите заводници, бидејќи пред Ким беше поврзуван со Кејт Бекинсејл, Маргарет Кволи, Каја Гербер, Фиби Диневор. Најпозната е неговата врска со пејачката Ариана Гранде, со која се сврши  по само еден месец врска, а по разделбата Пит најави самоубиство на Инстаграм и го избриша профилот, по што мораше да интервенира полицијата.

Од друга страна, пак, Каније (44), кој неодамна го промени своето име во Је, пред неколку недели беше забележан во јавноста со инстаграм-моделот Винетрина (22). Претходно во јуни го поврзуваа во Ирина Шајк.

Ќе ви се допадне

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

Bleach (Dub) Episode 363

Attack on Titan Season 3 Episode 10

stream anime online Tokyo Revengers

sites to watch anime Naruto

The Rising of the Shield Hero (Dub)

tải go88