Американката Џордан Турпин (21) раскажа за ужасите кои ги доживеала со нејзините 12 браќа и сестри од страна на нејзините родители. Таа вели дека тие ги држеле во заложништво во нивната куќа во Перис, Калифорнија и дека постојано ги малтретирале, тепале и изгладнувале.
Кога побегнала Џордан имала само 17 години. Таа веднаш ги пријавила во полиција нејзините родители Дејвид и Луиз Турпин. Таа вели дека успеала да побегне во јануари 2018 година преку прозорецот. Кога дошла во полициската станица, на полицајците им кажала дека нејзините две помали сестри сè уште се врзани со синџири во куќата.
„Мама не ги врза само за да биде злобна. Таа ги врза со синџири затоа што ѝ ја украдоа храната“, им рекла Џордан, која им објаснила дека нејзините родители не знаеле дека таа успеала да побегне.
Таа им покажала и фотографии од нејзините браќа и сестри кои тајно ги сликала пред да побегне. Откако ја ислушале, полицијата веднаш ги ослободила нејзините браќа и сестри, кои биле на возраст од 2 до 29 години.
View this post on Instagram
Полицијата пронашла две деца во синџири врзани за креветот. Подоцна откриле дека децата често биле тепани и дека биле изгладнувани. Им било дозволено да јадат само еднаш дневно и да се тушираат еднаш годишно.
Нивните родители им давале само сендвич со салама и путер од кирики, а честите тепања ги оправдале со цитати од Библијата. Не им дозволувале да зборуваат, а разговарале само во ретки ситуации.
Дејвид, тогаш 57-годишен, и Луиз, 50-годишна, биле веднаш уапсени, а подоцна осудени и на доживотен затвор за ужасно малтретирање и затворање на нивните деца. Тие се изјасниле за виновни по 14 точки, вклучувајќи суровост кон возрасен, суровост кон деца, тортура и незаконско затворање. Сите браќа и сестри Турпин поминале недели во болница пред да бидат сместени во два различни згрижувачки домови.
Џордан им рекла на полицијата дека морала нешто да направи нешто за да ги спаси нивните животи.