Поранешниот свршеник на Наоми Кембел ѝ помага на принцезата од Монако да ги реши брачните проблеми

Принцезата Шарлин од Монако (43) се зближила со поранешниот свршеник на манекенката Наоми Кембел, милијардерот Владимир Дорнонин пишуваат светските медиуми. Двајцата се зближиле додека таа била на лечење во установа надвор од Монако.

Наводно Владимир ѝ помагал на Шарлин да ги преброди проблемите во бракот со принцот Алберт. Иако Алберт неодамна рече дека проблемите на Шарлин немаат никаква врска со бракот, сепак во јавноста се поголеми се гласините за нивните заеднички проблеми.

 

„Сега кога ја спасивме Бритни, можеме ли да се фокусираме на спасување на принцезата Шарлин?“, праша еден твитерџија.

„Шарлин и Владимир се во контакт веќе подолго време“, откри извор за британски „Сан“ и додаде дека се чини дека таа во него гледа поддршка во овие тешки времиња.

Иако многумина се загрижени за принцезата, принцот Алберт тврди дека со неа е се во најдобар ред и дека и стамата таа сватила дека и е потребна помош. Тој негираше дека во прашање се брачни проблеми, иако фановите не се убедени во тоа.

Таа ги прекина сите јавни должности додека се лечи. Извор близок до неа откри дека и недостига на нејзините две деца, кои постојано и испраќаат цртежи. Како што пренесуваат некои од медиумите, принцезата била блиску до смртта од мистериозна болест и дека имала неколку тешки операции.

 

 

Принцот Алберт ја смести сопругата во болница поради психички проблеми

Scroll to Top