Група од цртани ликови го заокупира небото над Њујорк, за време на парадата на Денот на благодарноста. Во парадата долга 4 километри, учествуваа илјадници граѓани.
Балони со ликовите на тато Штрумф, Снупи и бебето Џедај, летаа во воздух над Менхетен, а за тоа време доле маршираа пејачи и музичари кои ги забавуваа насобраните граѓани. Неизоставен дел се разбира беше и забавата.
Овогодишната парада беше дочекана со големо воодушевување, бидејќи минатата година беше забрането присуство поради актуелната пандемија со коронавирусот.