На североистокот од Индија, во државата Асам, патнички воз уди и уби два диви слона, соопштија денес тамошните власти.
„Два возрасни слона се шетаа на железничката пруга кога воз, кој се движел на патот кон источниот град Дибругар, ги прегази“, рече чуварот на диви животни од Асам, Дилип Кумар Дас, пренесе „Асошиетед прес“.
„Несреќата се случи во доцните вечерни часови во вторникот, а властите веднаш стигнаа на самото место за да ги закопаат телата. Претходно беше направена обдукција“, додал Дас.
Чуварот рече дека дивите слонови често знаат да залутаат во населените места во ова време во годината кога полињата се подготвени за жетва.
Брзите возови, како што пренесува „Асошиетед прес“, имаат прегазено десетина диви слона во Асам, нешто што ја принуди индиската железница, која управува со возовите, да ја регулира брзината во познатите зони во кои шетаат слоновите.
Во индиската држава Асам живеат околу 5.000 диви азиски слонови.