Голем број експерти сметаат дека населувањето на Марс е процес кој е веќе запчонат и дека до 2050 година, луѓето ќе живеат на Црвената планета. Роверот на НАСА секој ден испраќа фотографии од таму, место оддалечена од нашата Земја 54 милиони километри.
Секој ден луѓето се прашуваат кога ќе почне колонизацијата без помош на роботите.
Една од теориите вели дека луѓето ќе го колонизираат Марс до 2050 година, кога автономни рударски процеси ќе станат комерцијално одржливи. Сепак човештвото се развива во овој век со толкава брзина, што е речиси невозможно да се претпостави што ќе се случи во иднина.
Но, дефинитивно човекот ќе го насели Марс. Ова се само некои од работите на кои треба да се внимава во моментите кога се расправа за новите технолошки и егзистенцијални чуда.
За успешна колонизаицја на Марс потребни се 110 луѓе, се вели во новиот извештај. НАСА ја почна својата мисија „Марс 2020“, но, засега не е познато кога таа ќе испрати луѓе на Црвената планета и колку долго тие би требало да живеат таму за да се создаде одржлива колонија.
Тоа е прашање на кое одговорот ќе го добиеме во следните години, но, дефинитивно ќе мора да се јави некој херој, кој ќе се жртвува за да стигнеме до оваа далечна планета.
Најголемиот гениј на 21 век, Илон Маск е убеден дека човештвото ќе стигне на Марс.
Орбитите на Марс и Земјата се најблиску една до друга на секои 26 месеци, што е многу важно за ефикасна мисија, а Маск се надева дека секоја таква можност ќе може да се искористи, па тој ги зголеми тестирањата без екипаж во 2018 година и се надева дека ќе ги испрати првите луѓе до 2026 година на Марс.
Според некои теоретичари и научници од Лозана, луѓето би можеле да имаат најголеми шанси на Марс, ако го населат северниот дел од планетата. Меѓу нив е и Маск, кој сугерира дека половите на планетата се најпогодни за одржување на човечкиот живот, затоа што поседуваат природни ресурси.
Пред да стигнат луѓето на Марс, таму ќе мора да бидат испратени роботи и да изградат бази во кои доброволците ќе живеат. Главниот дел од базата ќе биде централното јадро високо 12,5 и широко 5 метри. Научниците го опишуваат како минијатурен простор за живот, во кој ќе се наоѓа сè она што е неопходно за живот.
Куполата би требало да го штити животниот простор од радијација и микрометеори. Тука се наоѓа и градежното издание направено од полиетиленски влакна и слој од лед дебел 3 метри. Одгледувањето на дрва на Марс сигурно нема да биде успешно. Тлото има недостиг на хранливи матеирјали, а температурите се премногу ниски за да се одгледуваат билки.
Но, на пример условите на Марсне би влијаеле за раст на бамбус, затоа што тлото може да служи како потпирач, а на него не му се потребни многу хранливи материјали за раст. На Црвената планета е релативно студено, просечната годишна температура изнесува околу 60 степени под нулата и недостасува атмосферски притисок сличен на Земјата.
Кога би чекореле на површината на Марс, веројатно ќе преживеете околу 2 минути, пред органите буквално да ви експлодираат. Атмосферата на Марс воглавно се состои од јаглерод диоксид. Таа е 100 пати поретка од онаа на Земјата, па дури и има сличен состав како воздухот на нашата планета. Луѓето не би можеле да го вдишат за да преживеат.
Се смета дека човечката колонизација на суровата и егзотична планета, би можела да ја забрза еволуцијата на нашиот вид. Ако стигнеме на Марс и воспоставиме колонија на постојани жители, факторите кои што се релативно големи, како радијацијата, помалата гравитација и огромната промена во начинот на живот би можеле да доведат до значителни еволутивни промени во телата на луѓето, а тоа би се случило многу побрзо од оние кои настанале на нашата родна планета.
Изгледот на луѓето во некоја смисла би се сменил, било да се во прашање горните или долните екстремитети, главата или некои други делови од телото.
„Не сакаме да бидеме вид кои живее на една планета. Сакаме да биде човечки вид кој ќе живее на повеќе планети, да изгради град на Марс и да стане вселенска цивилизација“, рече Маск по лансирањето на една од неговите ракети во вселената.
Во секој случај, од моментот на населување на Марс, „небото е граница“ би бил застарен термин. И тоа не поради тоа што научниците најавуваат такво сценарио, туку затоа што човечкиот вид посакал нешто многу повеќе од Земјата, во моментот кога ја напуштил атмосферата на нашата планета.
Другите планети се веќе предалеку за да генерациите кои живеат денес би можеле да го дочекаат нивното населување, но, може да се претпостави дека во далечна иднина човештвото ќе живее подалеку од сегашната планета.
На средината на април оваа година, хеликоптерот Ingenuity, кој на Марс стигна со роверот Perseverance, го имаше својот прв лет, со што е изведен и првиот обид за контролиран лет на друга планета.
Потоа биле направени уште неколку летови, со што овој хеликоптер влезе во историјата, додека од роверот со кој стигна се очекува да се врати на Земјата со неколку карпи од Марс, на кои може да се забележат траги на живот.
Визионерите се надеваат дека во иднина на Црвената планета ќе можат да се испратат машини кои самостојно ќе се трансформираат во градежни алатки. Потоа луѓето кои претходно се обучени за да управуваат со нив, ќе го реализираат проектот на колонизација на Марс.