Маск го одржа ветувањето и продаде акции во вредност од 11 милијарди долари

Главниот и извршен директор на „Тесла“, Илон Маск, продаде дел од своите акции што ги имал во компанијата во висина од 11 милијарди долари. Тој го исполни ветувањето што им го даде на обожавателите кога направи анкета на „Твитер“ и ги праша што мислат тие за тоа.

Маск од 8 ноември до денес продаде вкупно 10,11 милиони акции, што е повеќе од количината што вети дека ќе ја продаде. Последната продажба во вредност од 983,4 милиони долари ја реализира на 2 декември.

Шефот на „Тесла“ на 6 неомври рече дека ќе продаде 10 % од својот удел во компанијата ако корисниците на „Твитер“ гласаат за тоа. Тој преку своите берзански опции поседувал вкупно 244 милиони акции во „Тесла“, со што неговиот сопственички удел во компанијата на 30 јуни изнесувал приближно 23 %. Тој износ вклучува 170 милиони акции, кои ги држи неговиот труст.

„Ројтерс“ пренесе дека Маск не прецизирал во анкетата на „Твитер“ дали има намера да продаде 10 % од акциите што се во негова индиректна сопственост преку труст или продажбата ги опфаќа и неговите опции на акцијата. Опција на акцијата претставува привилегија на вработените во неговата компанија да може преку поволна или однапред договорена цена да купат акции во одреден рок или на одреден датум.

Маск и понатаму има опција да купи дополнителни, речиси 10 милиони акции, за цена од 6,24 долари за парче, можност што истекува во август в година.

 

Scroll to Top