Шведската група АББА го објави спотот за својата прва божикна песна Little Things. Песната ќе се најде на нивниот последен албум Voyage, кој го објавија минатиот месец во пресрет на нивното долгоочекувано дигитално враќање на музичката сцена во Лондон следната пролет.
Приходот што ќе го соберат од песната ќе оди во УНИЦЕФ во Глобалниот фонд за заштита на децата.
„Мислиме дека е невозможно да ја искорениме сиромаштијата без зајакнување на жените. Затоа го поддржуваме УНИЦЕФ во заштита на девојчињата од сексуално насилство и нивното зацврстување преку Глобалниот фонд за заштита на децата. Тоа го правевме во текот на годините и со нашата песна Chiquitita, па сега одлучивме на УНИЦЕФ да му дадеме божикен подарок во вид на втора песна – Little Things – од нашиот албум Voyage“, рекоа од АББА во заедничката изјава.