И меѓу светските ѕвезди има такви кои не сакаат да се вакцинираат против коронавирусот. За некои од нив цената била превисока, астрономска, пишуваат светските медиуми.
Американскиот рапер и глумец Ајс Кјуб, ја обил улогата во комедијата Oh, hell, но и хонорарот од 9 милиони долари, затоа што единствениот услов за да дојде на сетот било да се вакцинира. Продуцентите инсистирале целата екипа да има Ковид потврда.
Американскиот фудбалер Арон Роџерс, иако бил позитивен на тестот, тој ги излажал новинарите дека е имунизиран. Сега мора да паузира поради ваквата одлука. Деновиве се извадил дека имал проблем со едниот прст на ногата и дека размислува да се оперира.
На прашањата на новинарите за каква повреда станува збор, почнал да се вади за некакви заговори кои ги ширеле луѓето во клубот против него и им ги продавале на новинарите.
Една од ѕвездите во серијата „9-1-1“ Рокмонд Дунбар, одбил да се вакцинира иако тоа било условот за да снима. Затоа нема да бидел дел од продолжението во серијата. Тој рече дека одлуката ја донел од лични причини.
„Моето убедување и историја на моите болести се моја приватна работа. Тоа спаѓа под мојот приватен живот и за тоа никогаш не сум зборувал, па нема причина да го правам тоа и сега“, им рече тој на новинарите.
Тој во серијата игра споредна улога, а за една епизода добил околу 100.000 долари. Секоја сезона има 10 продолженија, па така тој се простил од милион долари.
Скептици има и меѓу НБА ѕвездите. Еден од нив е Кајри Ирвинг, играчот на Бруклин Нетс, кој и понатаму не сака да се вакцинира. Неговата годишна заработка е 35.000 долари, што значи дека би можел да изгуби добар дел од годишната плата.
Неговиот поранешен соиграч Леброн Џејмс исто така рече дека бил скептик на почетокот, но, сега смета дека тоа е најдобрата работа која во овие околности можел да ја направи за себе.