(Видео) Стефан Ристовски сакаше да се тепа со играч од Хајдук, Јани Атанасов го смируваше

Откако Динамо Загреб загуби 2-0 од Хајдук на Максимир, капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, тргна да се тепа со еден од играчите на Хајдук. Според хрватските медиуми, Ристовски, сакал да му удри шлаканица на еден од фудбалерите, но во намерата го спречил Јани Атанасов, и успеал да го смири.

На натпреварот во Загреб настапија тројца фудбалери од македонската репрезентација Ристовски и Аријан Адеми кои играат за Динамо, а Атанасов за Хајдук.

Динамо има само една победа на последните четири првенствени средби и сега е четврти на табела, со пет бода помалку од лидерот Ријека.

 

 

Scroll to Top