Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ (59) деновиве се забавуваше на концерт на хрвтската пејачка Индира Левак, поранешната пејачка од групата „Колонија“.
Тој ја слушаше од првите редови, а во еден момент таа дојде да се поздрави со него. Индира го гушна и го баци и рече дека нема поголема чест кога еден претседател на држава ќе ѝ дојде на концерт.
„Почестена сум и благодарна што 26 години ширам љубов и пеам на најдобрата публика во светот. Луѓе мои, ви благодарам за концертот за паметење“, рече Индира.