(Фото) Индира од „Колонија“ му се фрли да го бацува Мило Ѓукановиќ оти ѝ дошол на концерт

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ (59) деновиве се забавуваше на концерт на хрвтската пејачка Индира Левак, поранешната пејачка од групата „Колонија“.

Тој ја слушаше од првите редови, а во еден момент таа дојде да се поздрави со него. Индира го гушна и го баци и рече дека нема поголема чест кога еден претседател на држава ќе ѝ дојде на концерт.

„Почестена сум и благодарна што 26 години ширам љубов и пеам на најдобрата публика во светот. Луѓе мои, ви благодарам за концертот за паметење“, рече Индира.

Scroll to Top