Потребни состојки:
2 јајца
200 мл јогурт
160 мл масло
1 чаша од 180 мл шеќер
2 чаши од 180 мл брашно
2 ванилини шеќери
1 прашок за печиво
100 г чоколадо за готвење
300 г вишни
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, па додадете јогурт и масло. Брашното помешајте го со прашокот за печиво, па соединете го со изматената смеса. Чоколадото за готвење искршете го на коцки, па потоа измешајте го во смесата. Додадете 2/3 од вишните од кои претходно сте го исцедиле сокот и сте ставиле лажица шеќер. Смесата ставете ја во калапите. На секој мафин пред печење втиснете по неколку вишни. Печете околу 20 минути на 200 степени.