Гордана Гоџо е една од предводниците на протестите против ковид мерките кои се одржаа лани. Таа сама се снимиаше во вербален конфликт пред влезот на основно училиште каде вработените не и дозволуваат на нејзината ќерка да влезе без заштитна маска.
Вработените на училиштето инсистираат на почитување на ковид протоколите, кои налагаат секое од децата да носи заштитна маска и да му биде измерена температура при влез во училиштето, додека Гоџо инсистира нејзината ќерка да биде на часовите без заштитна маска. Додека таа го снима видеото, нејзината ќерка почнува да плаче велејќи „Сакам да одам во школо како сите деца“, а таа и останатите возрасни се обидуваат да го смират девојчето кое е сведок на драмата пред училиштето, пишува а1оn.mk
„Дали вие можете одговорно да потпишете дека ако Лена носи 7-8 часа маска, дека нема ништо да и се случи. Во други училишта почнаа во несвест да паѓаат. Дали сте свесна каква одговорност превземате, вие и сите на кои им наложуваат. Јас се обидувам да објаснам дека вие што извршувате наредби, дека не ве ослободува од одговорност. Ми кршите уставно и родителско право, правите кривични дела уцена и присилба“, кажува Гоџо на директорката.
„Сѐ е во ред. Протоколите не се од мене. Јас како директор, мора да ги почитуваме“, вели директорката.
По ова, Гоџо прашува: „Дали сте нормални што им правите на децата“.
За потсетување , Гордана Гоџо е активистка која сечеше маски за време на протести, во знак на револт и искажувајќи непочитување кон мерките. За време на нејзин говор, присутните извикуваа “убијци, убијци” за докторите.