Светската метеоролошка организација WMO потврди дека во рускиот град Верхојанск на 20 јуни 2020 година била измерена температура од 38 Целзиусови степени, што е нов рекорд за Антарктикот. Верхојанс се наоѓа во источен Сибир, околу 115 километри северно од арктичкиот круг, а метеоролошките податоци во него се мерат уште од 1885 година.
Како што објавиле на WMO, просечната темпереатура над арктичкиот Сибир била дури за 10 степени поголема од нормалата во поголемиот дел од летото минатата година, што довело до тоа да избувнат големи пожари.
Генералниот секретар на WMO, Петери Талас, рече дека во 2020 година забележан е нов температурен рекорд од 18,3 Целзиусови степени за антарктичкиот континент.
Истражувачите на WMO во моментот работат на верификација на отчитување на температурите од 54,4 степени, кои се забележани во 2020 и 2021 година во најтоплото место на светот, Долината на смртта во Калифорнија, и новиот европски температурен рекорд од 48,8 степени на Сицилија ова лето, рече Талас.
Тој истакна дека WMO никогаш истовремено не работела за потврда на толкави температурни рекорди.