Ким Кардашијан од четврти обид го положи правосудниот испит

Реалната ѕвезда Ким Кардашијан од четврти обид го положи правосудниот испит. Таа се пофали на „Инстаграм“ и откри кој и бил најголемата мотивација.

„Го положив правосудниот испит. Паднав три пати во 2 години, но, секој пат се враќав и учев повеќе и се обидував сè додека не успеав“, рече таа и откри дека морала да учи иако имала и корона.

Таа призна дека се сретнала со многу предрасуди кои влијаеле на нејзината цел и успех.

„Врвни адвокати ми вела дека ова е невозможно патување, но, тоа беше мојата единствена опција и се чувствувам толку добро“, рече Ким.

Имало и такви кои ја бодреле до самиот крај и ѝ помагале да успее. Еден од нив бил и поранешниот американски претседател Барак Обама и Ван Џонс, кои како што таа вели ја наговориле да студира право.

Таа се потсети и на нејзиниот покоен татко Роберт, кој исто така бил адвокат.

„Знам дека мојот татко би се гордеел, но и би бил шокиран кога би видел кој пат го одбрав. Но, знам дека би бил најдобар партнер за учење“, рече Ким.

 

 

Scroll to Top