На ѕвездата од „Паразит“ лекарите ѝ открија тешка болест па морала да ги откаже сите ангажмани

На актерката Пар Со-Дам (30) лекарите ѝ дијагностицираа папиларен карцином на тироидната жлезда, по што таа морала да ги прекине сите ангажмани. Таа откри дека тешката болест ѝ ги нарушила плановите за промоција на нејзиниот следен филм Special Delivery.

Корејската сктерка рече дека ракот го открила кога отишла на редовен преглед кај лекар, а брзо потоа ѝ била направена операција на која ѝ ги отстраниле малигните клетки од вратот, пишува „Си-ен-ен“.

„АктеркатаПар Со Дам ќе се посвети на нејзиното оздравување за во иднина да може да биде здрава, а ArtistCompany ќе даде сè од себе за да ѝ помогне во тоа“, стои во службената објава на нејзината агенција.

Парк се појави во бројни јужнокорејски филмови и телевизиски серии, меѓу кои и The Priests и The Silenced, но до израз дојде во глобалниот хит „Паразит“ во 2019 година, кој стана и прв филм на странски јазик и прв јужнокорејски филм кој ја освои наградата за најдобар филм на Оскарите во 2020 година.

 

Scroll to Top