Том Круз им испрати 300 торти на филмската екипа на која им викаше

Том Круз со приватен авион им испратил 300 торти на луѓето на кои им викаше за време на снимањето на филмот „Невозможна мисија“. Тој ангажирал специјален авион од САД до Велика Британија, на кој ги натовариле тортите со бело чоколадо и кокос, а за кои глумецот потрошил 15.000 долари.

Секое парче го платил по 50 долари од Doan’s Bakery u Woodland Hillsu, кои пак подоцна ја нарекле по него „божиќната Том Круз торта“.

„Том е неверојатн и многу грижлив човек. Тој сакаше да направи нешто посебно за сите со кои работеше на филмот“, рече еден од колегите на сетот со кој Том работеше.

Тој минатата година додека ја снимаше акциската франшиза, нападна дел од членовите на екипата кои ги прекршија ковид мерките против ковид. Тој им одржа лекција и им викаше повеќе од 3 минути.

„Ако видам повторно да го направите ова, повеќе нема потреба да се појавите“, им викаше тој.

„Невозможна мисија 7“ во која Том повторно го глуми главниот јунак Итан Хант, заврши со снимањето уште во септември по 18 месеци снимање. Тој се очекува да се појави во кината на 30 септември 2022 година.

(Видео) „Направете го тоа пак и ќе летате надвор“: Се појави видео во кое Том Круз се заканува со откази

 

 

Scroll to Top