Поранешната американска фудбалска ѕвезда и актер О Џеј Симпсон, конечно е целосно на слобода откако му истече условната казна, пишуваат американските медиуми. Тој излезе по 9 години минати во затвор во Лас Вегас, за учество во вооружен грабеж и киднапирање.
Од затвор излезе во 2017 година и од тогаш е на условна слобода. За потсетување тој беше уапсен откако со неколку криминалци провалил во хотелска соба во Лас Вегас и присилил двајца колекционери на спортски предмети да му ги предадат работите, кои наводно му припаѓале нему.
Тие им побарале уште неколку други вредни спортски предмети. Во 2008 година беше осуден на максимални 33 години затвор за вооружен грабеж и напад. Симпсон се најде на насловните страни на американските таблоиди и претходно за време на судењето во 1995 година кога беше обвинет за убиство на поранешната сопруга Никол Симпсон и нејзина пријателка.
Американската јавност со денови дебатираше за деталите од судењето, како на пример дали крвавата ракавица која била пронајдена на местото на убиството е негова или не.
Судењето, кое секојдневно го пренесуваа американските телевизии, силно ја подели Америка. Дел од населението, главно црнците, не верува дека тој е виновен за убиството, додека поголемиот де од белците сметаа дека тој ја убил својата поранешна жена која исто така била бела.
Потоа судењето се одвиваше јавно на телевизија. Симпсон прво беше ослободен, а на граѓанската парница која 2 години подоцна ја покренаа членовите на семејството на убиената Рона Голдман, тој беше прогласен за виновен и му беше досудено да плати оштета од 33,5 милиони долари.
Симпсон тогаш тврдеше дека не е виновен за убиството и дека пред да биде уапсен, тој немал немера да побегне со свој бел џип, туку дека сакал да отиде на гробот на неговата поранешна сопруга.
Полициската потера за него денес е една од најпознатите американски телевизиски сцени снимени од воздух со хеликоптер.