Потребни состојки:
4 јајца,
200 г шеќер,
200 г брашно,
1 прстофат сол,
1 кесичка ванилин шеќер,
1 кесичка прашок за печиво
џем за премачкување
кокс за наросување
Начин на подготовка:
Во подлабок сад скршете четири јајца на собна температура, додајте прстофат сол, една кесичка ванилин шеќер и 200 г кристален шеќер. Пенасто изматете со миксер додека целосно шеќерот да се растопи, а јајцата да побелат и згуснат. Во матените јајца додајте 200 г просеано брашно и една кесичка прашок за печиво, па промешајте со лажица со бавни движења за да остане смесата воздушеста и пенлива. Плехот во кој ќе се пече тестото обложете го со хартија за печење и намастете го со малку масло. Смесата излејте ја во подготвениот плех, па рамномерно распоредете ја и израмнете ја површината. Протресете го плехот за да излезат евентуалните воздушни меурчиња. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.
Печената кора оставете ја малку да се излади, па извадете ја од плехот и оставете ја целосно да остине. Преку целата површина премачкјате со џем по ваша желба, па свиткајте во ролат. Одозгора ппремачкајте го ролатот со џем и наросете со кокос.