Лажен гинеколог онлајн прегледувал жени, па сега е обвинет за повеќекратно силување

Лажен гинеколог од градот Таранто во Италија измамил повеќе од 400 жени јавувајќи им се на мобилен телефон и нудејќи им бесплатни лекарски прегледи. Тој ги прегледувал онлајн, а потоа ги лажел дека имаат сериозна вагинална инфекција, вели италијанската полиција.

Полицијата кај него нашла неколку телефони, снимки од прегледите, како и податоци од повиците на жртвите. Тој на девојките им се јавувал од таен број, а нивните броеви ги наоѓал од порталите со онлајн-огласи. Кога ќе им закажел преглед, им велел да немаат секс додека не им дојде редот за преглед. Полицијата вели дека лажниот доктор сега ќе одговара за повеќекратно силување.

Scroll to Top