(Видео) Маж во костим со крилја леташе низ активен вулкан

Поранешниот чилеански пилот, Себастијан Алварез, во специјален костим со крилја неодамна леташе во внатрешноста на вулканот Виларика, кој е најактивен вулкан во Чиле.

Алварез летал во вулканот со специјален костим откако скокнал од хеликоптер, од 3,5 километри височина. Тој стигнал до вулканскиот кратер за 40 секунди, а летал во воздухот вкупно 3 минути. Откако потоа со падобран се спушти на земјата, Алварез за медиумите рече дека ова е најекстремниот проект што го направил досега, бидејќи станува збор за активен вулкан кој е на голема височина.

Scroll to Top