(Видео) Не сакал да даде дополнителни 20.000 евра за нова батерија, па го разнел својот електричен автомобил „тесла“ со динамит

Еден од незадоволните купци на електрични автомобили од компанијата на Илон Маск, „Тесла“, го разнесол неговиот електричен автомобил модел S со динамит, затоа што не сакал да даде 20.000 евра за нова батерија. Пред да го разнесе, тој на седиштето ставил кукла од Илин Маск.

Финецот рече дека изгубил доверба во компанијата на Маск, откако му било кажано дека за новата батерија е потребно да издвои дополнителни 20.000 евра. Тој бил еден од ретките први купци на новиот модел на „Тесла“, S, кој е достапен од 2012 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tuomas Katainen (@bbombsu)

Сега затоа што неговата гаранција штотуку му била истечена, тој не сакал да издвои толку пари за само еден дел, па им се обратил на локалните блогери од Јутјуб каналот Pommijätkät, кои се специјализирани за разнесување на секакви предмети.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tuomas Katainen (@bbombsu)

Неговиот електричен автомобил бил префрлен во снег во еден изолиран предел, во дивина на Финска, а потоа му биле ставени околу 30 килограми динамит. Пред да го активира динамитот, тој на седиштето на возачот ја сместил куклата со ликот на Маск.

Куклата му ја донеле со хеликоптер и е со истата големина на милијардерот. Големата експлозија го разнела автомобилот на помали делови и истата е снимена од неколку агли. Сите велат дека биле воодушевени од настанот, особено сопственикот.

Неговиот „Тесла“ S имал 2 мотори и во моментов неговата вредност е околу 95.000 долари, додека оној со 3 мотори се продава и за 130.000 долари.

Scroll to Top