На почетокот на наредната година ќе излезе филмот за шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ – „Јас сум Златан“. Филмот е снимен според автобиографијата на легендарниот шведски напаѓач, а својата премиера ќе ја има в година на 14 јануари.
Во него ќе биде прикажана приказната за животот и детството на Златан, неговата фудбалска кариера и случувањата што следуваат потоа. Ибрахимовиќ е син на балкански имигранти и е роден во Шведска, а по бурното детство, тој стана еден од најдобрите фудбалери во светот.
Режисер е Швеѓанецот Јенс Сјогрен кому ова ќе му биде деби во светот на долгометражните филмови. Сценариото е напишано врз основа на книгата чиј автор е Дејвид Легерцрантц, кој е автор и на романот The Girl in the Spider’s Web.