Полицајката од Њујорк, Вера Мекули, која беше снимена како танцува во скутот на нејзиниот шеф, поручникот Ник Мекгери, сега ѝ се извини и на неговата сопруга. Таа рече дека не знаела дека е женет.
„Сакам посебно да ѝ се извининам на сопругата на поручникот. Се надевам дека тоа не им наштети во бракот. Не требаше да испадне вака. Јас не знаев дека тој е во брак“, рече Мекули.
26 годишната Мекули беше снимена од нејзините колеги во еден бар во Њујорк како танцува во скутот на својот шеф Мегери.
„Тоа требаше да биде само забава, малку да се насмееме. Не бев свесна дека целосно ќе ја уништам неговата кариера и дека на крајот тој ќе испадне лош човек. Навистина ми е жал. Јас сум позната како човек кој сака да се забавува. Беше доцна и колегите ме наговорија да му танцувам во скутот. Го фатив поручникот за рака и почнав да играм. Тоа беше се. Да направеше нешто слично некој маж, тоа немаше ни да се снима“, рече Мекули и додаде дека забавата се случила додека не биле на должност.
Девојката нема да биде казнета, а Мегери доби преместување. За потсетување, таа претходно му се извини и на нејзиниот татко, кој пак го обвини поручникот, велејќи дека тој бил женет човек и не требало да дозволи такво нешто да се случи.