Venezia Urban Bar & Kitchen, скопското популарно место за добра забава, го отвори своето ново поглавје од 15-годишната историја. Лоциран на булеварот Партизански одреди, спроти Градежен факултет, овој локал се поврзуваше со концептот на кафуле, при што се менуваа стилови, категории на гости и различни музички преференци.
Новата Venezia Urban Bar & Kitchen е со нов концепт којшто вклучува урбана храна за градски луѓе со специјално подготвени јадења за појадок, за brunch, за ручек и вечера. Храната и менито подготвено од реномирани регионални мастер шефови е новиот адут во ракавот на Venezia. Venezia Urban Bar & Kitchen нуди поинаква гастрономска приказна во градот, со топли предјадења, салатати и главни јадења, коишто го носат новиот квалитет. Менито за вечера е прилагодено за вино, пијалак и мезе а-ла тапаси, за сите намерници.
Новата димензија е проследена и со комплетно преуредениот ентериер во минималистички сканди-стил, со индустриски елементи во топли бои и релаксирана атмосфера со lounge музика.
Програмскиот дел на Venezia Urban Bar & Kitchen вклучува ди-џеи, домашни и странски артисти кои го создаваат целосниот имиџ на урбана музика за урбани луѓе.
Venezia Urban Bar & Kitchen се обраќа на сите урбани луѓе, од утринско кафе до brunch за дружење со колегите, преку ручек, до вечера за парови и друштво, за млади и сите што се чувствуваат млади.