На една од седниците во парламентот во Јордан изби тепачка меѓу пратениците и претседателот на Собранието. Тепачката настана додека пратениците расправаа за реформите во уставот, во делот за родната еднаквост. По избивањето на тепачката, истата беше прекината.
Се почна со жолчната дискусија меѓу пратениците и претседателот на парламентот Абделкарим ел Дагми. Како што пренесе ATF, причината за истата бил амандманот кој се однесува на женскиот род и кој треба жените да ги додаде како државјани на Јордан во поглавјето на Уставот, со кој се гарантираат еднаквите права на сите граѓани.
Неколку пратеника на седницата се спротивставија на амандманот етикетирајќи го како бескорисен. Ел Дагми излезе од салата по скандалот, а седницата на јорданскиот парламент ќе биде продолжена денес.
За потсетување, Уставот на Јордан е усвоен во 1952 година, а сменет е дури 29 пати. Според експертите, власта на монархот е зголемена на сметка на законодавната власт. Правата на жените досега не се сменети.
Just a regular day in the #Amman #Jordan parliament. Glad no one was shot this time.
I think the bell works….. 😂🤣 pic.twitter.com/lKnRp9y1gW
— 宇野 タイヨウウエーンデービス (@TaiyoSirajDavis) December 28, 2021