Мраз го скршил стаклото на пилотската кабина на авионот на компанијата „Бритиш ервејз“, додека летале на 11.000 метри надморска височина. Парчето мраз удрило во стаклото минатата недела, додека авионот летал од Велика Британија за Костарика.
Парчето мраз паднало од друг авион кој летал 300 метри повисоко, пренесоа медиумите. Шансите да се случи вакво нешто се 1:1.000.000.000, велат експертите. Пилотите и покрај незгодата, успеале да слетаат во главниот град на Костарика Сан Хосе.
Проблеми имале само патниците кои требало од Костарика да се вратат со истиот авион во Велика Британија и во Лондон за Бадник. Поради поправката на авионот, која била неопходна, околу 200 патници морале да чекаат нов лет.
Пропаднал и обидот да се пренасочи авионот кој летал за Јамајка, па патниците морале да ја поминат ноќта во хотелот на аеродромот.