Родители си го оставиле синот сам дома за празниците и си заминале на одмор

Брачна двојка од Аризона е уапсена откако било утврдено дека за време на празниците тие го оставиле својот 11 годишен син сам дома и си заминале на одмор на две недели во друга држава.

Како што пренесуваат властите, мајката си заминала пред Денот на благодарноста, а татмо му неколку дена по празникот.

Полицијата го посетила детето на 12. декември, откако примиле повик дека детето најверојатно е оставено само дома.

Службениците не можеле да ги пронајдат родителите, па го сместиле детето кај друго семејство. Тоа им рекло на надлежните дека во фрижидерот имал замрзната храна и дека најмалку 2 недели не одело во школо.

Родителите, мајката (34) и таткото (40) се уапсени и обвинети за занемaрување на детето.

 

 

Scroll to Top