Милијардерот Џеф Безос објави нова слика со девојка му Лорен Санчез, а поради неговиот нов имиџ сите му велат дека многу личи на славниот рапер Питбул.
Безос носеше тесна кошула со шарени бои, а поради неговите мускули, многу му напишаа дека потсетувал на Питбул.
„Се колнам, на почеток си помислив дека ова е Питбул. Ретка фотографија од Џеф Безос на натпревар за најдобро имитирање на Питбул“, му напишаа некои од нив.
Безос се пофали дека за Нова година си поминал убаво со Лорен.
„Синоќа убаво си поминавме со семејството. Бевме на диско забава. Новата година е одлично време за броење и фокусирање на личниот раст, обновување, преродба и внимателно внимание на секој момент од нашиот живот. Добро и лошо. Сето тоа. Прославете и растете“, рече Безос.
За потсетување основачот на „Амазон“ во 2019 година се разведе од Мекензи Скот, а тој развод го чинеше околу 40 милијарди евра.