Аријана Гранде носи џемпер на Loewe, од мекдонскиот дизајнер Алек Бимбилоски. Таа во објава на стори на нејзиниот инстаграм-профил и се пофали со џемепрот изработен во Македонија.
Се работи за еднобоен бел волнен џемпер од светски познатата модна марка Loewe во едноставен крој, на кој со црн вез од плетенина е рачно извезен ликот на Чихиро, девојчето од Spirited Away, јапонскиот анимиран филм.
Џемперот е дел од колекција Loewe X Spirited Away, и на сајтот на светскиот бренд е достапен по цена од 1.700 долари.
Пејачката го прикажа ова на нејзиниот личен инстаграм-профил. Зад соработката со марката стои македонскиот дизајнер Алек Бимбилоски, косопственик на македонскиот бренд „Румор“, а соработката е поврзана со јапонското студио за анимација Ghibli.
Колекцијата која ја изработиле за Loewe е веќе распродадена, и тоа во рекордно време. Колекцијата има многу парчиња изработени под етикетата Made in Macedonia, меѓу кои и најскапото плетено парче, кое чини 6.400 долари.
View this post on Instagram