Во време кога целата земја е под карантин, британскиот премиер си правел журки во градината на неговата резиденција, пренесе „Ројтерс“. Џонсон во мај 2020 направил забава со членовите од неговата влада и на сите им порачал да си донесат свои алкохолни пијалоци.
Иако се извини, во јавноста сè уште владее незадоволството од неговото однесување. Во општеството владее ставот дека британската влада не ги почитува правилата која самата ги воведе за време на пандемијата.
Во меѓуврме биле покренати и интерни истраги, како за недозволениот собир кај Џонсон, така и за уште за два слични настани организирани по погребувањето на принцот Филип.
„Мораме да ги знаеме фактите и тогаш премиерот би требало ефикасно да реагира и да се позанимава со културата која владее во Даунинг стрит“, рече претседателот на британските конзервативци Оливер Дауден за „Би-би-си“.
Поради овој скандал, се појавија и гласни повици за Џонсон да си поднесе оставка, дури и од неговата партија. Најновите истражувања на мислењето покажаа дека конзервативците далеку заостануваат зад опозицијата и Лабуристичката партија.