Пејачката Селин Дион поради здравствени проблеми мораше да ја одложи американската турнеја Courage. Таа во саботата објави дека поради болки и грчеви во мускулите ќе мора да паузира некое време.
„Навистина се надевав дека сум подготвена за сцената, но сватив дека ќе морам да бидам трпелива“, рече Дион.
Пејачката првата турнеја во Канада исто така мораше да ја одложи поради пандемијата со коронавирусот, а потоа ги одложи и настапите во Лас Вегас кои требаше да се случат од ноември минатата година па сè до февруари годинава.
Беше во план турнејата да продолжи на 9 март со настап во Денвер, а потоа и во останатите 15 американски и канадски градови сè до 22 април.
Поради наведените проблеми со здравјето пејачката на „Твитер“ објави дека и треба повеќе време за опоравување отколку што мислела на почетокот.
Пред да избие пандемијата во март 2020 година, Селин Дион одржа 52 настапи. Европскиот дел од турнејата требаше да почне на 25 мај во Бирмингем.
„Ќе бидам многу среќна кога ќе оздравам, кога пандемијата ќе биде зад нас и кога повторно ќе се качам на сцената“, рече Дион.