Германец плати 3.500 евра да му го зголемат пенисот и конечно му е 10 сантиметри во ерекција

Мурат К. од Германија цел живот страдал поради малиот пенис, па решил да го зголеми со операција. Тој платил околу 3.500 евра за да му го зголемат пенисот. Претходно, во ерекција достигал седум сантиметри, а сега е 10 и веќе чувствувал огромна разлика, пренесува хрватскиот портал 24 часа.

Незадоволен од големината на својот пенис, Мурат решил да преземе нешто околу тоа. Откако заработил доволно пари, почнал да купува секакви апчиња, пумпи и креми за да го зголеми. Иако потрошил околу 1000 долари, сепак ништо од тоа немало ефект.

„Една девојка ми рече во лице дека не е доволен“, вели Мурат.

Очаен и исфрустриран што партнерките го исмејувале поради големината на неговиот пенис, решил да го зголеми со операција. Тој го контактирал др. Кристијан Кепен од Хановер, познат експерт во оваа област. Откако го прегледал, докторот му ветил дека ќе му го зголеми за околу 2 сантиметри, што било сосема доволно за Мурат.

„Сепак, ова е зголемување за околу 30 проценти. Се повеќе мажи се незадоволни од своите пениси и поради тоа страдаат емотивно“, вели др. Кепен.

 

Scroll to Top