Глумецот Том Холанд кој го глуми популарниот Спајдермен, ќе се пресели со неговата девојка Зендаја во Лондон. Тие купија куќа и планираат да се преселат на лето во јужниот дел на градот во квартот Ричмонд.
Досега живееја во Лос Анџелес, а во Лондон ќе дојдоа и за да ги посетат неговите родители. За куќата платија околу 4 милиони долари, но, планираат и голема реновација. Во план им е да имаат вежбална, кино и просторија наменета исклучиво за Том, односно Спајдермен.
Том веќе има стан во центарот на Лондон, додека Зендаја има куќа во Лос Анџелес вредна 3 милиони долари.