Француските ресторани и снек барови наскоро ќе мора да откријат од каде доаѓа месото кое им го служат на своите гости. Па така, оние кои служат јадења од пилешко, свинско и јагнешко месо од 1. март ќе мора да покажат каде стоката била одгледувана и заклана. Исто така, ќе треба да наведат дали месото е свежо или е замрзнато или чувано во фрижидер, соопшти тамошното Министерство за земјоделство.
Властите се одлучија на новиот закон откако се зголеми интересот на потрошувачите за потеклото на храната. Но и насочен е кон создавање притисок за зголемување на домашната потрошувачка на месо во места како што се училишните ресторани, каде половина од месото коешто се служи доаѓа од странство.
Овие податоци се задолжителни за говедско месо од 2002 година. Додека, пак, за останатите меса како пилешкото, свинското и јагнешкото месо, беше задолжително само за она се продава во супермаркетите и месарниците.