Денеска штафетата на олимпискиот факел го започна својот втор ден на врвот на Кинескиот ѕид. Акционата филмска ѕвезда Џеки Чен (67) и низа кинески носители на олимписки медали, менувајќи се го носат факелот на рутата, скратена за три дена поради коронаворусот.
Хонгкошкиот актер е познат по својата поддршка на владата во Пекинг. Тој беше идентификуван во официјалното соопштение за печат со неговото кинеско име Чен Гангшенг.
„Се разбудив во 4 часот наутро. Ова ми е четврта Олимпијада. Многу сум среќен. А, исто така, многу ми е ладно!”, Чен им изјави на новинарите по неговото трчање по Големиот ѕид.
Овогодинешната штафета која ќе ги отвори Зимските игри од 4 до 20 февруари е многу поскромна од штафетата што се протегаше ширум светот за Летните игри во Пекинг во 2008 година, турнеја која беше нарушена од протести, тврдат некои медуми.