Џеки Чен четврти пат го носи олимписки факел на врвот на Кинескиот ѕид

Денеска штафетата на олимпискиот факел го започна својот втор ден на врвот на Кинескиот ѕид. Акционата филмска ѕвезда Џеки Чен (67) и низа кинески носители на олимписки медали, менувајќи се го носат факелот на рутата, скратена за три дена поради коронаворусот.

Хонгкошкиот актер е познат по својата поддршка на владата во Пекинг. Тој беше идентификуван во официјалното соопштение за печат со неговото кинеско име Чен Гангшенг.

„Се разбудив во 4 часот наутро. Ова ми е четврта Олимпијада. Многу сум среќен. А, исто така, многу ми е ладно!”, Чен им изјави на новинарите по неговото трчање по Големиот ѕид.

Овогодинешната штафета која ќе ги отвори Зимските игри од 4 до 20 февруари е многу поскромна од штафетата што се протегаше ширум светот за Летните игри во Пекинг во 2008 година, турнеја која беше нарушена од протести, тврдат некои медуми.

Scroll to Top