Шведската влада одобри го одобри новиот план на компанијата SKB за управување со нуклеарниот отпад и гориво, кој подразбира изградба на систем за складирање на многу радиоактивно нуклеарно гориво на безбеден начин во наредните 100.000 години.
Тој е исклучително важен бидејќи нуклеарната енергија е моќна форма на енергија која овозможува производство на чиста енергија. Но, отпадот станува многу опасен, па токму затоа и нуклеарната енергија не е баш популарна.
Според проценките, постојат околу 370.000 тони потрошено нуклеарно гориво во привремените складишта низ светот, а сега со новиот план кој што го одобри шведската влада, може безбедно да чува радиоактивен отпад во следните 100.000 години.
„Ова е историска одлука која на компанијата и овозможува да го чува нуклеарниот отпад создаден од нашите генерации. Одлуката е дочекана со одобрување, сега имаме намера да ги имплементираме најголемиот шведски проект за заштита на животната средина“, изјави Јохан Дашт, директор на компанијата SKB.
Тие го развиваат овој проект веќе 40 години, а во неговата работа се вклучени експерти од универзитети, истражувачки институти и образовни институции од Шведска и светот. Проектот е детално анализиран од шведската агенција за безбедност и радијација, како и од судот за земјиште и средина, за да се гарантира безбедноста за човекот и неговото опкружување. Тој подразбира изградба на систем и отворање на 1.500 нови работни места. SKB сега го чека завршувањето на процесот на лиценцирање за да ги добие потребните дозволи.
По процесот, ќе бидат потребни уште 10 години за изградба на складиштето.
Иако Швеѓаните уште во 1980 година изгласаа напуштање на нуклеарната енергија, нивниот став очигледно е променет, па нуклеарната енергија се смета за клучен чекор во ставање крај на зависноста од фосилни горива.