Бет Метјус од Свонси е 22-годишна девојка која има Даунов синдром. Таа неодамна потпиша договор со голема модна агенција, која ѝ вети успешна кариера како модел, пренесува Би-би-си. Англичанката потпиша за истата агенција како и Ели Голдстајн, која исто така има Даунов синдром, а ја застапуваше Гучи.
„Навистина уживам кога ми ја средуваат косата и шминката и облеката“, изјави Бет.
View this post on Instagram
Таа вели дека целта ѝ е модната кареира да ја одведе во Холивуд.
„Конечно се случува револуцијата за инклузија и многу сум задоволна што мојата ќерка ќе биде дел од неа“, изјави нејзината мајка Фиона.
Таа вели дека се надева дека Бет од моделството ќе се стекне со поголема самодоверба.
„Прекрасно е да гледаш како расцутува“, додава Фиона.
View this post on Instagram
Повеќе фотографии од Бет: