Студентката Алав Хаф (24) која работи и како модел на OnlyFans, се пожали дека „Тиндер“ ѝ го блокирал профилот затоа што била многу убава.
Хаф студира право и како модел заработува 44.000 фунти годишно, но вели дека не може да се промовира на „Тиндер“, откако „Нефликс“ го објавил документарниот филм The Tinder Swindler.
Таа рече дека „Тиндер“ ја третирал многу полошо и од познатиот измамник Шимон Хајут.
„Тој имаше пристап до апликацијата иако ја користеше за криминалци цели, а мене ми е забранет пристап само затоа што сакам да запознаан некој со кого ќе излезам на пијалок“, рече Хаф за „Дејли Мејл“.
View this post on Instagram
Таа рече дека ѝ бил забранет пристапот до Тиндер во септември 2020 година, а потоа и во декември 2021 година. Покрај „Тиндер“, таа била блокирана и од апликациите Bumble и Hinge. Бамбл ја забранил во 2020 година, а Хинг во март 2021 година.
„Морав да ги сменам некои од моите фотографии, но не објавувам ништо што навредливо за луѓето. Тешко ми е да најдам соодвени фотографии, бидејќи на повеќето носам само долна облека и костими за капење. Таква е мојата работа“, рекла Хаф.