Архитектката, модел и модна инфлуенсерка Марис Џолин од Штип, чие вистинско име е Марија Јовева, е вистинско освежување на социјалните мрежи. Благодарение на својот впечатлив моден стил, таа за кратко време собра над 50.000 следбеници на Инстаграм и стана инспирација за многумина.
View this post on Instagram
Марис моментално престојува во Шведска со својот партнер. А периодов на нејзиниот инстаграм-профил има комбинации на силни бои.
View this post on Instagram
Таа успева да комбинира од портколаво со зелено до розово со сино, апсолутно сите комбинации во сите бои. Најчесто носи макси капути и меки џиновски шалчиња, како и чизми често во силна нијанса.
View this post on Instagram
Јавноста се запозна со Марис уште во 2018 година, кога глумеше во спотот на Тајзи за песната „Омилена“. Но покрај тоа што се појавила во неколку видеоспотови, настапила и како модел за наши познати дизајнерски имиња.
View this post on Instagram
Лани во соработка со модната куќа Линеа официјално ја претстави својата линија – by.maryse.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram