Ученици од цела Македонија преку своите цртежи испратија порака за сите деца болни од рак

По повод Меѓународниот ден посветен на децата што се борат со канцер, 15 Февруари, здружението САНО објави ликовен и литературен конкурс за сите ученици во Македонија. Ликовниот конкурс на тема „За моето другарче во болница“ за основци, а за средношколците литературен конкурс, есеј на тема „Јас сум пријател на децата во болница“.

Тие во изминатите 15 дена добиле многубројни цртежи и есеи, полни со љубов, шаренило и желби за подобро здравје, кои биле пренесени на хартија. Бидејќи изборот бил преголем и одлуката била многу тешка, наместо три цртежи и есеи, од САНО одлучиле да доделат 10 награди со помош на издавачката куќа „Арс ламина“.

Селекцијата на победниците од основните училишта ја извршиле проф. д-р Ана Фрицханд, претседателката на САНО, Јелена Димовска, и волонтерката Фима Трајковска, етнолог.

Награди имало и за средношколците, кои на дело се покажале колку се вешти со зборови.

„Емпатијата, љубовта и надежта преовладуваа во стотиците есеи“, велат од САНО. Тие додаваат дека тинејџерите покажале како треба да се биде прав другар на децата во болница. Најдобрите биле избрани од страна на уредништвото на издавачката куќа „Арс ламина“.

Во продолжение некои од цртежите што ги испратија ученици од разни градови во Македонија со желби за подобро здравје за сите деца што се борат со ракот.

 

Scroll to Top