Во засолништето на подземната метро станица во Киев вчера се породи 23-годишна девојка од Украина. Таа роди ќерка која ќе се вика Миа. На мајката која се породувала ѝ помогнал полицаец, кој го слушнал нејзиниот плач додека траеле експлозиите во градот, пренесе „Дејли меил“.
Сликите од бебето родено во киевското метро се споделуваат на социјалните мрежи, а јавноста вели дека Миа и останатите бебиња родени овие неколку дена претставуваат надеж за земјата.
Руските напади во Украина почнаа пред три дена, а земјата веднаш прогласи воена состојба. Многу луѓе наместо дома или во скривници, времето го поминуваат во подземните метро станици.
Woman, 23, gives birth to daughter as she shelters with terrified Ukrainians in underground metro station in Kyiv during Russian invasion https://t.co/83fUnPXTXw
— Daily Mail Online (@MailOnline) February 26, 2022