Дачија го произведе 7-милионитиот автомобил во фабриката Миовени во Романија, објави компанијата. Се работи за автомобилот „Duster Extreme“, кој е во урбана греј боја, со мотор TCe150 и менувач EDC.
Фабриката Миовени, во која тој е произведен, започна со работа во август 1968 година, а милионитиот автомобил произведен е во 1985 година. Додека, пак, 2-милионитиот во 1998 година, а 5-милионитиот во 2014 година.
Од 7 милиони возила, два милиони модели се Duster, кој важи за најпроизведуван меѓу автомобилите на Дачија.